Дома Фудбал Италија Претседателот на Рома: Фрустриран сум кога ќе слушнам дека Рома е како супермаркет!

Претседателот на Рома: Фрустриран сум кога ќе слушнам дека Рома е како супермаркет!

Навивачите на Рома никако не може да му простат на претседателот Џејмс Палота за продажбата на Мохамед Салах минатото лето и таа на Миралем Пјаниќ пред две години.

Палота објасни дека во двата случаи едноставно немал избор и дека се фруструра кога ќе слушне дека Рома е како супермаркет.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Работите не се едноставни кога еден играч заминува. Фрустриран сум кога ќе слушнам дека Рома е како супермаркет. На пример, Пјаниќ имаше откупна клаузула и моравме да го пуштиме. Салах сакаше да се пресели во Премиер лигата по секоја цена. Со оглед на фактот дека неговиот договор беше при крај моравме и него да го пуштиме. Едноставно немавме избор. Постојат работи позади сцената кои луѓето не можат да ги разберат. Ние не сме тие кои сакаат да продаваат играчи“, изјави Палота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Славјето во Неапол донесе и огромен хаос: 98 повредени, 10 грабежи, искршени автомобили…

Наполи синоќа го освои Скудетото и стана шампион на Италија, предизвикувајќи еуфорија на у…