Дома Топ вести Претседателот на Ла Лига: Ќе видиме дали Барса ќе ги регистрира сите нови фудбалери

Претседателот на Ла Лига: Ќе видиме дали Барса ќе ги регистрира сите нови фудбалери

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас изрази оптимизам дека во Барселона ќе можат да ги регистрираат сите нови засилувања за новата сезона.

Тој ја коментираше и ситуацијата со Френки де Јонг кого Барселона сака да го продаде за да ослободи простор за плати на новите фудбалери.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Ние ги следиме, но кога ќе ни ја покажат документацијата од финансиските полуги и играчите што треба да ги продадат, ќе видиме дали ќе ги регистрираат сите нови. Тие знаат што треба да направат. Мислам дека имаат уште малку работа за да постигнат се што треба, но тие се на вистинскиот пат“, изјави Тебас.

„Дали ќе успеат за стартот на Ла Лига? Прашајте ја Барселона. Можам да кажам дека добро ги знаат правилата и знаат што треба да направат. Имаат уште работа, но имаат време да ја направат. Клубот продаде 10% од телевизиските права за 207 милиони евра. Потоа овој дел се зголеми на 25% што мислам дека им донесе уште 350 милиони. Ова се веќе 500 милиони евра, а мислам дека имаат уште една финансиска потпора за уште 200 милиони. Со овие постапки и ако продадат некои играчи, објаснува зошто тие имаат способност да привлечат играчи. Тие можеа да продадат имот, нешто што мораа да го направат, како и да ги намалат платите. Ова им овозможува да земат нови засилувања“, вели Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Незабележано предавство во Барселона, Тер Штеген разоткриен: “Нема повеќе играње будала”

Марк-Андре тер Штеген се соочува со отказ во Барселона. Одбива било каква соработка со клу…