Баерн Минхен најави голема реконструкција на тимот на лето, па се очекува да пристигнат нови големи имиња на „Алијанц Арена“.
Ова го потврди и претседателот Ули Хенес пред германските медиуми и даде до знаење дека Баварците веќе работат на нови засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Само да знаевте кого договоривме за следната сезона. Но ако сега објавиме со кого сме потпишале, ќе ги налутиме оние, кои во моментов не играат“, изјави шефот на Баварците.
Во оваа фаза, трансферот на Бенџамин Павар од Штудгарт беше потврден. Се очекува Минхен да привлече уште еден светски шампион – Лука Ернандез од Атлетико Мадрид.
„Денешните трансфери се поскапи. Токму затоа штедевме пари и се подготвуваме за лето. 80 милиони евра за Ернандез? Ако можеме да добиеме некој како него, ќе дадеме толку многу“, одговори Хенес.
Сигурно Баерн ќе донесе барем еден крилен напаѓач, откако Арјен Робен и Франк Рибери си заминуваат по крајот на сезоната.
Има потреба од засилување и на позицијата на централен напаѓач, бидејќи резервата на Роберт Левандовски, Сандро Вагнер замина да игра во Кина.
Во јануари на „Алијанц арена” пристигна 18-годишниот Алфонсо Дејвис, но тој се уште не е на вистинското ниво за првиот состав.
Интересно е што денес во спортските медиуми се појави и вест дека Душан Тадиќ е на радарот на германскиот гигант (тука). Останува времето да покаже кого договориле Германците.