Дома Фудбал Останато ПРЕСЕДАН: На Бока и дозволија да игра натпревар со заразени фудбалери!

ПРЕСЕДАН: На Бока и дозволија да игра натпревар со заразени фудбалери!

Oва е уште еден доказ дека Бока Јуниорс во Аргентина и Латинска Америка е навистина повеќе од клуб.

Дури 18 играчи на Бока Јуниорс беа позитивни на коронавирусот на почетокот на овој месец, но и покрај тоа дозволено им е да играат во Копа Либертадорес портив Либертад во Парагвај. Сите играчи поминаа двонеделен карантин според препораките, но некои од нив биле позитивни и на новиот тест.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


И покрај тоа КОННМБОЛ дозволи Бока да патува во Асунсион, конечната одлука ја даде и Министерството за здравство на Парагвај, па така е одобрено на гигантот од Буенос Аирес да ја помине границата и со оние играчи на кои тестот им бил се уште позитивен.

Оваа одлука оди со образложението од Светската Здравствена огранизација дека заразена личност може да помине граница ако поминала карантина и повеќе нема симптоми.

Ваквата одлука предизвика гнев кај Либертад кои обвинуваат дека КОНБМЕБОЛ и Министерството за здравство не ги почитуваат правилата кои сами ги носат.

Очигледно Бока многу се прашува кога е фудбалот во прашање во Јужна Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Промашување на сезоната? Неверојатно што не погоди Анте Будимир (ВИДЕО)

Кога навивачите на Осасуна ќе анализираат по причините зошто нивниот тим веќе девет натпре…