Прославениот италијански напаѓач Алберто Џилардињо е на чекор од пронаоѓање нов ангажман и тоа во Серија Б.
Џилардињо во овој момент е слободен фудбалер и за него голем интерес покажа англискиот премиерлигаш Кристал Палас, но според последните информации екипата на Спезија која се натпреварува во Серија Б сега има поголеми шанси да го доведе.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Според италијанските медиуми, Џилардињо веќе постигнал договор од две години со овој италијански клуб и во текот на денот би можел и официјално да биде претставен во овој клуб.
Поранешниот напаѓач на Милан поседува искуство од играње во бројни италијански клубови, а за репрезентацијата одигра 57 натпревари и постигна 19 погодоци.
Минатата сезона овој фудбалер кој веќе има 35 години настапуваше за Пескара.