Раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да му даде уште една шанса на Антони Марсијал во новата сезона, пренесуваат медиумите на Островот.
Првично, „црвените ѓаволи“ планираа да се разделат со Французинот и да го купат Дарвин Нуњез, но Уругваецот се пресели во Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Недостигот на друга алтернатива со добар квалитет по прифатлива цена, како и недостатокот на сериозен интерес за Марсијал на крајот доведоа до оваа одлука.
Новиот менаџер Ерик тен Хаг верува во квалитетите на Марсијал и сака да го задржи во тимот следната сезона.
Парите за офанзивен играч ќе бидат пренасочени за привлекување на крилен напаѓач, а прва мета е играчот на Ајакс, Ентони чија цена изнесува 50 милиони евра.