Португалецот Бернардо Силва беше голема желба на Барселона и се преговараше за овој трансфер, но по се изгледа тој нема да се пресели во Каталонија.
Според последните информации од Островот Силва одлучил да го продолжи договорот и со „граѓаните“ ќе потпише договор до 2025 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена за иднината на Силва зборуваше и Пеп Гвардиола кој порача дека би сакал да го има Шпанецот во тимот и во иднина. „Сакаме да остане со нас, навистина е посебењн играч. Но, не зависи од мене, не се прашувам јас. Ќе видиме каков ќе биде крајниот исход“, изјави тогаш Гвардиола.
За Манчестер Сити Силва игра од 2017 година кога пристигна од Монако и досега одигра 168 натпревари и постигна 29 гола на 70 натпревари.