Во Каталонија се бесни, и онака имаат резервен план ова може само да ја влоши ситуацијата.
Изгледа дека работите околу Адриен Рабио не се завршени. Иако сите поголеми спортски медиуми во светот пренесуваа дека фудбалерот и кажал „да“ на Барселона, неговата мајка Вероника која му е менаџер придонела ситуацијата да се искомплицира.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Наводно, Вероника после договорот со Барселона продолжила да преговара со четири европски клуба. Тоа ги налутило луѓето во Барселона и се пишува дека веќе размислуваат за нова опција.
Како резервна опција за Рабио кој знаеше да покаже и недисциплина се споменува Де Јонг од Ајакс за кого би морале да платат 75 милиони евра.
ПСЖ подолго време се поврзува со овој фудбалер, но предноста на Каталонците е што тој сака во Барселона.
https://www.youtube.com/watch?v=Vq_1x1qo950&t=38s