Дома Фудбал Англија Премиер лигата само што започна, а навивачите веќе бараат промени

Премиер лигата само што започна, а навивачите веќе бараат промени

Њукасл со пораз ја започна сезоната, а навивачите се плашат дека допрва ќе го почуствуваат најлошото.

Повратникот во ПЛ е поразен со 2:1 од Тотенхем и не може да се каже дека киксна со огледн на силниот противник, но навивачите на клубот не се задоволни од ситуацијата во клубот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тие се собраа пред фирмата Sports Direct за да го искажат своето незадоволство и уште една да побараат од клубот да замине претседателот Мајк Ешли.

Сметаа дека англискио бизнисмен чие богатство се преценува на 1.5 милијарди фунти не работи ништо да го засили тимот и не му обезбеди на Бенитез ниту едно засилување во текот на летото.

„Тој е само еден човек, ние сме цел град.“ – порачаа навивачите пред натпреварот со Тотенхем.

Њукасл би можел да биде сериозен кандидат за понизок ранк и тоа е она што ги загрижува навивачите, иако сезоната само што започна.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…