Адриан Рабио ова лето реши да остане во Јувентус, но потпиша договор за само една сезона, па јасно е дека наскоро ќе ја промени средината.
Силен интерес за Французинот покажуваат Манчестер Јунајтед и Њукасл, кои ќе се обидат да го доведат уште во јануари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рабио одигра одлично на Мундијалот и е еден од најдобрите поединци кај Јувентус, но има договор до крајот на сезоната и е спремен да ја промени средината.
Премиерлигашите се спремни да испратат понуда во јануари со цел Јувентус да не го загуби фудбалерот без обештетување.
Доколку „старата дама“ не сака да го пушти на средина од сезоната Манчестер Јунајтед и Њукасл ќе му понудат богат договор за на лето да пристигне без обештетување.
🚨 Newcastle United and Manchester United are vying for Juventus midfielder Adrien Rabiot in the January transfer window.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 24, 2023
(Source: GOAL) pic.twitter.com/3BOmpGP7AL