Дома Фудбал Англија Премиерлигашите ќе можат да играат натпревари ама без судии?!

Премиерлигашите ќе можат да играат натпревари ама без судии?!

Премиер лигата денес дополнително ги олабави мерките и им дозволи на клубовите да играат пријателски натпревари.

Фудбалското првенство во Англија ќе започне на 17 јуни и клубовите се во фаза на подготовки, а сега ќе можат да играат и пријателски натпревари, но истите ќе бидат под строги мерки.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Натпреварите ќе може да се играат на стадион или тренинг центар. На клубовите ќе им биде забрането да патуваат повеќе од 90 минути, а играчите на местото на одигрувањето мораат да дојдат сами со сопствен превоз и облечени во фудбалска опрема.

Мерката која привлекува најголемо внимание е што на овие натпревари за да се намали бројот на присутни нема да биде дозволено да има судии, таа задача ќе треба да ја врши некој од тренерите. Исто така секој играч кој ќе учествува претходно мора да има негативен тест на коронавирус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На повидок револуција во фудбалот: Правилото на Венгер наскоро станува реалност, фудбалот веќе нема да биде ист!

Арсен Венгер, поранешен менаџер на Арсенал и тековен началник за глобален развој на фудбал…