Бројките кои ќе ви ги претставиме подолу одлично ја отсликуваат финансиската моќ на клубовите од Премиер лигата и зошто таа важи за најбогата фудбалска лига на светот.
Имено, Челзи како актуелан шампион ќе заработи 170 милиони евра од Премиер лигата и тоа само на основа на колачот кој го дели ова натпреварување. Тука спаѓаат дел од ТВ правата, заеднички маркетиншки приходи и се останато што ја издигнува Премиер лигата над останатите која се парите во прашање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Премиер лигата го дели колачот по строго определена шема, па така шампионот Челзи доби точно 150.811.183 фунти, следи Манчестер Сити со 146.927.965, па Ливерпул со 146.122.439 и Тотенхем со 145.461.325. „Спарси“ се на четвртото место бидејќи на британските ТВ екрани повеќе биле гледани натпреварите на Сити и Ливерпул.
Манчестер Јунајтед доби 140.000.000, Арсенал 139.600.000 и така се до последниот Сандерленд, кој и покрај последното место на табелата заработи 93.471.118 фунти или околу 107 милиони евра.
Вкупно 20 клубови помеѓу себе поделиле 2.400.000.000 фунти (околу 2,8 милијарди евра).
Интересно, дури и Њукасл, Норвич и Астон Вила кои минатата сезона отпаднаа од елитата добиле 41.000.000 фунти што е последица на желбата на Лигата клубовите да останат финансиски стабилни и кога ќе испаднат во понизок ранг.