Пред само шест месеци дресот на Реал Мадрид го замени со тој на ПСЖ во трансфер вреден 25 милиони евра, но работите на тргнаа по добро за Хесе Родригез.
23-годишниот крилен напаѓач после само 6 месеци го напушти Париз и се пресели во редовите на Лас Палмас, што сигурно е огромен пад во неговата кариера.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Хесе иако пристигна како големо засилување за ПСЖ не се снајде баш најдобро на „Паркот на принцовите“, имаше многу мала минутажа па одлучи да си замине.
Хесе сега ќе се врати во Примера, но во редовите на Лас Палмас каде ќе настапува како позајмен фудбалер од крајот на сезоната.
Добра вест за ПСЖ е што малиот шпански клуб ќе ја превземе скоро цела плата на фудбалерот, која изнесува 3,5 милиони евра годишно.