Дома Македонски спорт Мак ракомет Пред 19 години славеше цела Македонија: Кометал ја освои Европа! 🎥

Пред 19 години славеше цела Македонија: Кометал ја освои Европа! 🎥

Пред 19 години на денешен ден Македонија за првпат доби европски шампион во ракомет, на тронот на Европа се искачи Кометал Ѓорче Петров.

Салата „Кале“ беше претесна тогаш да ги прими сите љубители на ракометот. Ракометарките на Кометал во финалето го победија Херц со 26:22 и донесоа огромна радост на сите вљубеници во спортот во нашата земја.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дел од тимот на Кометал Ѓорче Петров во финалето во „Кале“ беа Луминица Дину, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Олга Бујанова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушченко, Наталија Малахова и Елена Златановска. 

Треба да напомнеме дека успесите на Кометал немаше да бидат возможни без вложувањата на тогашниот претседател на клубот Трифун Костовски.

Подоцна беше снимен и документарен филм за овој успех на Кометал.

ФИНАЛЕТО ПРОТИВ ХЕРЦ

И незаборавната песна: Кометал шампионееее!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…