Пред само шест години Малага беше на неколку секунди од влез во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Одличниот тим на Мануел Пелегрини предводен од Иско, Демикелис и Хавиер Савиола во четвртфиналето во првиот натпревар против Борусија Дортмунд одигра 0:0, а во реваншот водеше 2:1 до 91-та минута. Но, во шокантната завршница прво Марко Ројс изедначи на 2:2 и тоа беше резултат кој Шпанците ги водеше во полуфиналето, меѓутоа две минути подоцна стоперот Фелипе Сантана погодува за победа на Борусија од 3:2. Таа година „милионерите“ стигнаа до финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека играчите беа одлични на терен управата на овој клуб работеше очајно. Во 2013 година Малага беше 100 милиони евра во минус. Платите на играчите беа астрономски и според приходите не можеа да си ги дозволат. УЕФА прво го исфрли клубот од европските натпреварувања, а шпанскиот сојуз се закануваше со исфрлање во втора лига.
Главните играчи беа распродадени, а Малага од сезона во сезона тонеше, за минатата сезона во псоледното коло да испадне после десет години поминати во Примера.
И работите не изгледаат дека се подобруваат. Малага во сабота во рамките од 11-тото коло од Секунда би требало да го дочека Кадис, но тој натпревар би можел да биде одложен поради бизарен проблем.
Клубот од „Ла Росаледа“ поради повредите и репрезентативните играчи за тој натпревар може да смета само на 12 играчи од кои исто така неколкумина не се спремни и постои можност да не успеат да состават една 11-ка.
Поради тоа од клубот побарале сојузот да го одложи овој натпревар. Доколку не биде дозволено такво нешто тешко е да се верува дека Малага ќе има шанси, а и самата регуларност би била доведена во прашање.