Искусниот Пртугалец, Пепе изгледа нема долго време да бара нов ангажман.
Кон крајот на 2018 година контроверзниот Пепе се раздели со Бешикташ, а во меѓувреме се поврзуваше со трансфер во Вулверхемптон, но наводно сега најблиску е до Порто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа воедно е клубот во кој 34 годишниот Пепе ја започна кариерата и стекна афирмација. „Рекорд“ пишува дека преговорите на релација „Пепе-Порто“ на големо се во тек и дека поранешниот фудбалер на Реал доколку дојде до договор ќе стави потпис на договор до крајот на сезоната.
Пепе последен пат дресот на Порто го носеше во 2007 година кога беше продаден на Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра, а за овој тим играше во следните 10 години, за потоа да направи трансфер во Бешикташ.
За времето поминато во Бешикташ Пепе одигра 52 натпревари и успеа да постигне седум погодоци и да запише три асистенции. Причината поради која заминува од турскиот клуб е што клубот не успеа да обезбеди финансии за него и за уште неколку најплатени играчи.