Дома Топ вести Пред пет години на чекор од полуфинале во Лига на шампиони, а од вчера второлигаши…

Пред пет години на чекор од полуфинале во Лига на шампиони, а од вчера второлигаши…

Фудбалот понекогаш знае да биде суров, посебно доколку не се одржува чекорот со најдобрите.

На пет кола пред крајот тимот кој пред пет години беше на чекор од полуфиналето во Лигата на шампионите во натпреварот против Борусија веќе е второлигаш. Да во прашање е – Малага…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Малага со вчерашниот пораз од Леванте 0:1 остана без шанси да избори опстанок оваа сезона. Посебно болно е ако се знае дека голот тимот во кој настапува нашиот Енис Барди го постигна во 93 минутао д средбата.

Малага како второпласиран тим во Секунда во 2008 година се избори за место помеѓу најдобрите во Шпанија, а две години подоцна следуваа финансиски проблеми. Клубот тогаш беше продаден на катарскиот инвестиционен фонд на шеикот Абулах Ал Тани со што започна „златната ера“ на овој клуб.

Доведени беа играи како Ван Нистерлој, Санти Казорла, Жереми Тулалан, Мартин Демикелис, Жулио Баптиста…Од клупата ги предводеше Мануел Пелегрини.

Веќе во 2012 година клубот се избори за историски пласман во Лигата на шампионите, каде што успеаа да поминат во нокаут фазата во група со Милан, Андерлехт и Зенит, за потоа преку Порто да стигнат и до ¼ финалето каде што ги запре Борусија Дортмунд во еден од најконтроверзните натпревари во Лигата на шампионите.

Само една година подоцна повторно следуваа финансиски проблеми и влегување во долгови, па УЕФА ја исфрли Малага европските натпреварување и од тогаш започна падот на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…