Бурни реакции во јавноста предизвика дебатата на „ЕСПН“ во која поранешниот квотербек на Мајами, Џеј Кутлер заедно со водителите го понижуваа ракометот како спортот.
На кратко тие тврдеа дека во ракометот играат луѓе кои не успеале во кошарката и фудбалот. Дури беа убедени дека Кутлер, Патрик Махомес и Леброн Џејмс би ја победиле било која селекција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Дончиќ прв им порача дека немаат поим што зборуваат, а потоа следуваа и одговори од други спортски ѕвезди.
Ако сте ја пропуштиле дебатата – погледнете ја тука.
Последен во низата се огласи селекторот на репрезентацијата на САД, Норвежанецот Роберт Хедин.
Неговата порака гласи:
„Изберете ја екипата ,дојдете, тренирајте, ќе ви ги обезбедиме најдобрите тренери и услови и ако ни дадете 10 гола за 60 минути ќе ја добиеш мојата куќа во Норвешка“, порача норвешкиот стратег.