Дома Фудбал Италија Преговoрите напредуваат, Кавани се поблиску до враќање во Серија А

Преговoрите напредуваат, Кавани се поблиску до враќање во Серија А

Интер е во интензивни преговори со напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, тврди секогаш добро упатениот извор Ди Марзио.

Кавани на крајот од сезоната ќе стане слободен играч и веќе некое време за него се борат клубови како Атлетико Мадрид, Њукасл, Манчестер Јунајтед, а сега наводно најблиску до неговиот потпис е Интер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бидејќи Мертенс одлучи да ја продолжи соработката со Наполи, Интер се сврте кон други опции, па како идеално решение се наметна уште еден искусен напаѓач.

Кавани играше во Палермо и Наполи, а од 2013. година е во Париз. Оваа сезона Ел Матадор постигна седум погодоци на 22 натпревари.

Заминувањето на Кавани од Париз е се поизвесно, сега само прашање е дали ќе се пресели во Интер или на крајот ќе избере некој друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…