Дома Топ вести Преговорите продолжуваат:Барса ја намали цената на Дембеле

Преговорите продолжуваат:Барса ја намали цената на Дембеле

Барселона е спремна да ја намали цената на Осман Дембеле за да го заврза неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

Со оглед на фактот дека Дембеле е резерва во тимот на Куман, Барселона е спремна да го пушти Французинот за 66 милиони евра.  Што е значително помалку од сумата од 104 милиони евра која Каталонците ја платија за него пред три години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се уште нема информации дали Јунајтед е подготвен да ја плати дури и оваа сума, бидејќи првично „црвените ѓаволи“ го сакаа Французинот само за позајмица со можна опција за купување.

Вчера се појавија голем број извештаи дека дури и Пол Погба го повикал својот сонародник да го убеди да ја прифати понудата, а преговорите меѓу двете страни продолжуваат.

Главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед ова лето беше Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но „црвените ѓаволи“ не успеаја да постигнат договор со германскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…