Дома Фудбал Италија Преговорите помеѓу Милан и Рангник во застој

Преговорите помеѓу Милан и Рангник во застој

Преговорите меѓу Милан и поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Ралф Рангник се во застој, пренесуваат италијанските медиуми.

Се чини дека стратегот ги „замрзнал“ разговорите за да стане следниот тренер на Милан, бидејќи е загрижен за буџетот за трансфери на тимот за следната сезона, поради кризата со коронавирусот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 „Скај Италија“, сепак, вели дека е постигнат мал напредок во преговорите. Во меѓувреме, фудбалерите на „росонерите“ изразија желба да остане Стефано Пиоли. Тој потпиша двегодишен договор со Милан уште во октомври, но постои клаузула која му овозможува на клубот да го отпушти без надомест на крајот од оваа сезона.

Генералниот директор Газидис веќе подолго време преговара со Германецот, но легендата Малдини е исто така против неговото доаѓање во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…