„Тутоспорт“, весник кој важи за близок до Јувентус пренесува дека „старата дама“ покажува сериозен интерес за португалскиот репрезентативец и ѕвезда на Вулверхемптон, Рубен Невеш.
21-годишниот плејмејкер блеска оваа сезона во Премиер лигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Весникот тврди дека спортскиот директор на Италијанците, Фабио Паратичи веќе имал средба со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш и веќе работат на трансферот.
Тешко е да се поверува дека трансферот може да се реализира во јануари, многу поверојатно е дека ќе бидат договорени условите за трансфер на крајот на сезоната.
За Невеш сериозен интерес покажуваат и клубовите од Манчестер, но „бјанконерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата благодарение на добрите односи со неговиот агент.
#Juventus, supervertice con #Mendes: #Paratici punta Ruben Neves https://t.co/RGakD7dmsp
— Tuttosport (@tuttosport) November 22, 2018