Манчестер Сити сака што побрзо да потпише нов договор со првата ѕвезда во тимот, Ерлинг Халанд.
Халанд има уште три години договор со „граѓаните“, но и откупна клаузула од 175 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради оваа причина, сега приоритет на Сити е да го продолжи договорот со Норвежанецот, а преговорите се започнати.
Халанд на „Етихад“ пристигна во 2022 година и оттогаш за тимот од синиот дел на Манчестер постигна 103 гола на 110 натпревари.
Сити ќе му понуди нов договор со неверојатни 500.000 фунти неделна плата и ќе го направи најплатен играч во Премиер лигата.