Реал Мадрид и Ајнтрахт би можеле да имаат нова соработка.
Прво, Лука Јовиќ премина во Мадрид, па се врати назад. Сега по истиот пат би можел Андре Силва, кон престолнината на Шпанија, додека во спротивен правец може да тргне Раул Гонзалес.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пишуваат голем дел од германските медиуми легендарниот напаѓач на Реал Мадрид е прв кандидат за нов тренер на Ајнтрахт бидејќи Ади Хитер заминува на крајот од сезоната. Шпанецот е заинтересиран за самостојна работа, а Бундеслигата би можела да биде негова прва дестинација.
Раул е тренер на младиот тим на Реал има договор со шпанскиот гигант, но нема дилеми дека ќе добие зелено светло ако навистина сака да оди Ајнтрахт. Преговорите почнале, а ќе продолжат по завршувањето на сезоната.
Во Реал веројатно сакаат да видат како ќе се одвиваат работите затоа што Раул се споменуваше и како можен наследник на Зидан ако Французинот си замине.