Дома Топ вести Преговорите во завршна фаза – Бонучи на чекор од „Сан Сиро“

Преговорите во завршна фаза – Бонучи на чекор од „Сан Сиро“

На повидок е сензационален трансфер кој ќе предизвика „земјотрес“ на Апенините. Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус се блиску до договор за дефанзивецот Леонардо Бонучи.

Веста која вчера изгледаше како обична шпекулација денес доби потврда од сите страни. Милан и Јувентусе во напредни прегвори за трансфер на Бонучи на „Сан Сиро“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Имено, дефанзивецот веќе постигнал договор со „росонерите“ за четиригодишна соработка и плата од 6 милиони евра по сезона и го известил раководството на Јувентус дека сака да му биде дозволен трансфер.

„Старата Дама“ нема намера да задржи играч кој не сака да остане, па започна преговори со „росонерите“. Милан испрати првична понуда од 30 милиони евра плус Матија де Шиљо, кој подолго време е желба на Јувентус, но клубот од Торино за Бонучи бара 40 милиони евра во кеш без вклучени играчи.

„Скај Спорт“ пренесува дека разликата помеѓу двата клуба во моментов е многу мала и дека Милан сака да го комплетира трансферот до крајот на денот, со цел Бонучи да може утре да отпатува со остатокот од тимот на турнеја во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…