Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон откри дека Зинедин Зидан не бил прва желба на Флорентино Перез кога во прашање е клупата на Реал Мадрид.
Калдерон пред да биде именува Зидан за тренер на Реал Мадрид зборуваше дека Жозе Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, а сега тврди дека Португалецот бил прва опција, но дека не бил доведен затоа што играчите не го сакале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Соблекувалната направи се за Мурињо да не се врати“, изјави Калдерон за „Скај Спорт“ па продолжи…
„Сите знаат што Мурињо остави зад себе, многу проблеми, растурена атмосфера и нарушени односи. Лидерите на Реал не сакаа такви работи повторно да им се случуваат. Искрено мислам дека враќањето на Мурињо ќе беше неколку чекори назад за Реал, најмногу поради сите проблеми и контроверзии кои доаѓаат во пакет со Португалецот“, смета Калдерон.
Ќе потсетиме што зборуваше Калдерон пред Зидан да дојде во клубот кога на големо се пишуваше за смена на Солари.
„Немам дилеми дека Мурињо е прва опција за Флорентино Перез. Го повикуваше често во изминатите неколку месеци. Прво го повика кога Зидан замина, Мурињо тогаш беше во Манчестер Јунајтед и му одговори дека сега не е вистинско време за враќање. Сега е слободен, сметам дека шансите тој да биде нов тренер на Манчестер Јунајтед се големи“, изјави пред неколку дена Калдерон.