Дома Фудбал Останато Прво интервју на Алвес: Бев во тоалет, девојката сама дојде и седна на мене

Прво интервју на Алвес: Бев во тоалет, девојката сама дојде и седна на мене

Како што е веќе познато, Дани Алвес поминува низ еден од најтешките периоди од животот и во овој период се наоѓа во затвор поради обвинување за секусален напад кон девојка во ноќен клуб во Барселона.

Проблемите за Алвес започнаа кон крајот на минатата година и од тогаш Бразилецот е притворен во затвор во Шпанија. Во меѓувреме се појавуваше на неколку рочишта, а сега го даде првото интервју во кое си ја кажува неговата страна на приказната.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Oва интервју го давам со цел луѓето да знаат што мислам на оваа тема. Не знам дали девојката мирно спие навечер, но јас ќе и простам. Мене совеста ми е чиста, никого не сум присилил на ништо, така беше и таа ноќ. Не ја присилив на ништо, само седев на тоалетот, а таа дојде и седна на мене. Ако сакаше можеше да си оди слободно.

„Личноста на која единствено и се извинувам е мојата сопруга Жоана Санц, таа е жената со која се оженив пред осум години, се уште сме во брак и се надевам така ќе остане. Кога дојде кај мене во затвор и побарав прошка лично, а сега тоа го правам јавно затоа што јавна стана целата ситуација. Таа го заслужува моето извинување за тоа што го направив, минува низ тежок период и благодарен сум за се што направи за мене“, изјави Алвес во интервјуто за „Ла Вангардија“.

Засега не е познато до кога фудбалерот со 126 настапи за бразилската репрезентација ќе остнае во притвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Брујне нема да игра на Светското клупско првенство

Белгискиот играч од средниот ред, Кевин де Брујне, изјави дека сака да го пропушти претсто…