Со вчерашниот натпревар Интер и Фиорентина го отворија шестото коло во Серија А, овој натпревар донесе и малку контроверзии.
Во центарот на вниманието се најде главниот судија на натпреварот Паоло Мацолени кој досуди пенал за Интер во финишот од првото полувреме.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Првобитно Мацолени не покажа на белата точка, но после прегледувањето на ВАР му овозможи на Икарди да постигне гол за 1:0, Интер на крајот запиша победа од 2:1, а претседателот на Фиорентина Марио Когнини беше остар во изјавата за медиумите.
„Судењето на Мацолени беше провокативно и пристрасно. Штета поради натпреварот, можеше да гледаме навистина одлична средба, но тој се уништи. Мацолени беше најдобриот играч на Интер“, изјави првиот човек на „виолетовите“ и додаде:
„Одигравме одличен натпревар, но ВАР не уништо. ВАР е вистинската работа за исполнување на нечии желби“, заврши Когнини.
Нема сомневање дека Фудбалскиот Сојуз на Италија жестоко ќе го казни поради ваквиот начин на излегување во медиумите.