Дома Фудбал Останато Првиот човек на УЕФА: Суперлигата е само сон!

Првиот човек на УЕФА: Суперлигата е само сон!

Претседателот на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин категорично ја отфрли идејата за формирање на Суперлига и истакна дека тоа е само сон.

Пред извесно време германскиот весник „Шпигл“, повикувајќи се на „Football Leaks“, пишуваше дека 16 врвни европски клубови, имаат план да формираат свое натпреварување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Суперлигата нема да се случи. Тоа на некој наќин е фикција, или само со. Имаме некакви идеји, а можам да откријам само дека тоа нема да има формирање на Суперлига. Сите ќе имаат можност да се натпреваруваат во елитата“, изјави Чеферин.

„Во моментов богатите клубови стануваа уште побогати, а ние имаме намера да го решиме тој проблем. Сакаме да ја намалиме разликата помеѓу клубовите“, додаде првиот човек на УЕФА.

Првиот човек на европскиот фудбал истакна дека само спортските резултати ќе бидат мерило за настап во најсилните натпреварувања

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

УЕФА бара зголемување на наградниот фонд за Светското првенство

УЕФА бара од ФИФА да го зголеми наградниот фонд и да пружи поголема поддршка со трошоците …