Во Шпанија во овие моменти се одвива голема расправа околу тоа дали натпревари од Ла Лига би требало да се играат во САД.
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас е одлучен во својата намера еден натпревар оваа сезона да се одигра во Мајами, а судејќи според се тоа би требало да биде натпреварот помеѓу Џирона и Барселона. Сепак, оваа идеја наиде на силен отпор кај клубовите и сојузот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако, Тебас има намера во јануари споменатиот натпревар да се игра во Мајами ФИФА се уште не дала дозвола да се започне била каква организација. Најновата изјава на Тебас на оваа тема би можела и дополнително да ги налути поддржувачите на Барселона.
„Знам дека Реал Мадрид нема желба да игра во САД. Но, тие и не мораат да одат во Мајами доколку навистина не сакаат, од друга страна Барселона тоа мора да го направи“, порача Тебас.
Оваа негова изјава доаѓа како одговор на вчерашната во која првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез потенцираше дека „кралевите“ не сакаат да играат во САД.