Дома Топ вести Првиот Галактико пристигна на Бернабеу – ги помина лекарските прегледи!

Првиот Галактико пристигна на Бернабеу – ги помина лекарските прегледи!

Весникот „Марка“ кој е секогаш добро информира околку случувањата во „кралскиот“ клуб, ексклузивно пренесува дека Реал Мадрид го договорил трансферот на Тео Хернандез.

Како што пренесува овој медиум Тео Хернандез е нов играч на Реал Мадрид и денес ги поминал медицинските прегледи во клиниката „Санитас де ла Мореља“, а „кралскиот“ клуб ќе ја плати неговата откупна клаузула која изнесува 24 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според овој извор, и покрај големите напори на директорот на Барса Роберт Фернандез да го убеди левиот бек да се пресели на Камп Ноу, сепак пресудила желбата на фудбалерот кој го избрал Реал Мадрид.

Тео е играч на Атлетико Мадрид кој оваа сезона игра фантастично на позајмица во Алавеш, а трансферот и официјално ќе биде објавен пред финалето на Купот каде неговио тим игра против Барселона.

Со овој трансфер ќе биде прекршен усмениот договор помеѓу Реал и Атлетико според кој „кралевите“ не требаа да купуваат играчи од градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…