Дома Фудбал Останато Прва реакција на ФИФА по пресудата за Суперлигата!

Прва реакција на ФИФА по пресудата за Суперлигата!

Денеска и тоа како е бурно во европскиот фудбал откако судот за правда во Луксембург пресуди во корист на иницијаторите за создавање на Суперлигата одземајќи го правото ФИФА и УЕФА да ги казнуваат клубовите за учество во новото натпреварување.

Со прва реакција излегоа од ФИФА објаснувајќи дека ќе се анализира одлуката на судот, а потоа ќе излезат со својот став.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Заедно со УЕФА и другите конфедерации ФИФА ќе ја анализира одлуката и до тогаш нема да даваме дополнителни коментари. Во согласно со својот Статут, ФИФА цврство верува во специфичната природа на спортот, вклучително и примдалната структура која е поткрепена со спортски заслуги и принципите на натпреварувачката рамнотежа и финансиска солидарност.

Фудбалот ја должи својата долга и успешна историја на горенаведените принципи, кои ФИФА, конфедерациите и асоцијациите членки ќе продолжат да ги промовираат во иднина, во интерес на сите фудбалски фанови ширум светот“, објави ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…