Дома Македонски спорт Мак фудбал Прва прозивка и старт на подготовките: ФК Победа ги „запали моторите“ со големи амбиции

Прва прозивка и старт на подготовките: ФК Победа ги „запали моторите“ со големи амбиции

Екипата на Победа вчера со првата прозивка и првиот тренинг и официјално ФК Победа ги започна подготовките за новата сезона во првенството на Втората лига-Исток. На прозивката и тренингот присутни беа 29 фудбалери.

Од ланскиот состав за новата сезона не се на располагање Благојче Дамевски, кој ја заврши играчката кариера, и двајцата кои го напуштија клубот Дарко Грозданоски(истече 6-месечниот договор) и Христијан Каралиоски. Од првиот ден со екипата се 3-цата “новајлии“:Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски, а со првиот тим приклучени се и неколку играчи од младинската школа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Почнувајќи од денес играчите ќе ги реализираат вообичаените лекарски прегледи, а се очекува во следниве денови екипата дополнително да биде засилена со уште 1-2 нови играчи.Претседателот Емил Јанески и Шефот на Стручниот штаб Дарко Крстески им посакаа на фудбалерите добро здравје но и се потенцираше дека со самиот факт дека екипата ќе игра на Градскиот стадион “Гоце Делчев“ а ќе биде на повисоко квалитативно ниво амбициите се атак на првото место и пласман на Победа онаму каде и е местото-во Првата лига.Јанески истакна стави до знаење на сите останати второлигаши дека Победа ја интересира само 1-то место и се работи на заокружување на потребниот буџет. Во тој контекст радува интересот на прилепските стопански субјекти за финансиска помош на клубот преку појавување на интерес за поставување на реклами на стадионот со што ќе придонесат прилепската гордост да има стабилна финансиска конструкција, а и самиот објект би добил далеку поубав лик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…