Дома Фудбал Англија Првата освета за Гвардиола: Мурињо го краде легендарниот „Граѓанин“

Првата освета за Гвардиола: Мурињо го краде легендарниот „Граѓанин“

Велат одмаздата секогаш се сервира ласна, но ако некој кој тоа сигурно го знае, тогаш тоа е Португалецот.

Фудбалерот на Манчестер Сири на позајмица во Вест Хем, Џо Харт би можел да направи чекор кој е најнепопуларен во Манчестер – преминување во редовите на градскиот ривал, овојпат во Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа сензационална вест да дознава таблоидот „Сан“, но со оглед на тоа дека на „Ѓаволите“ им е потребен одреден број англиски фудбалери за да ја регистрираат екипата за Премиер лигата и Лигата на шампионите, оваа информација би може да биде вистинита.

Секако на голот е неприкосновениот Давид Де Геа, додека вториот голман Серхио Ромеро, би требало да го напушти клубот на крајот од следната сезона.

И тука совршено се вклопува Харт како англиски фудбалер кој ќе биде солидно решение за замена на Де Хеа и покрај тоа што кариерата му замина по вода, по одлуката на Пеп Гвардиола да го „избрка“ од Сити.

Договорот на некогашниот англиски репрезентативец со „Граѓаните“ истекува следното лето, но шпанскиот стратег нема да има ништо против да се реши од него и во овој преоден рок.

Ова би можело да биде првата одмазда на Харт кон Гвардиола, но останува да се види што ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…