Кристиано Роналдо денес со два гола му донесе победа на Јувентус во натпреварот Сасуоло, за Роналдо ова беа првите два погодоци во италијанската Серија А.
Португалецот денес погодуваше во 50-тата и 65-тата минута, а после натпреварот призна дека за него ова значело големо олеснување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Среќен сум поради победата и головите. Навистина сакав да ги постигнавм првите голови оваа сезона и признавам дека бев малку неровзен. Не постигнав гол во првите три натпревари, но работев добро и знаев дека само прашање на време е кога ќе дојде првиот гол“.
„Добро се прилагодив на италијанскиот фудбал. Навивачите од мене имаат големи очекувања и мислам дека ќе ги оправдам“, изјави Роналдо.
Јувентус веќе во среда ја започнува Лигата на шампионите со натпреварот против Валенсија.
„Тоа е моето омилено натпреварување. Имаме тешка група, но мораме да се сконцентрираме на себе. Ако ние бидеме на нивото, нема да имаме проблеми“, заклучи Португалецот.