Дома Фудбал Англија Првата изјава на Емери како тренер на Арсенал: Возбуден сум!

Првата изјава на Емери како тренер на Арсенал: Возбуден сум!

Oна што се претпоставуваше после веста дека Унаи Емери пристигнал на преговори во Лондон, денес доби и официјална потврда – тој е новиот менаџер на Арсенал!

Шпанскиот стручњак на должноста менаџер на Арсенал го наследува Арсен Венгер кој оваа функција ја извршуваше 22 години, а ова воедно ќе биде и негов седми клуб во кариерата (како тренер).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Емери не го криеше задоволството откако целата работа беше финализирана.

„Среќен сум што се придружувам на еден од најдобрите клубови. Арсенал е познат и сакан во голем дел од светот. Го сакам овој клуб поради стилот на игра и приврзаноста кон младите играчи, имаат фантастичен стадион и начинот на кој функционира клубот е одличен. Многу сум возбуден што започнувам ново поглавје во историјата на Арсенал“, изјави 46 годишниот Емери.

Претходно во својата кариера Емери беше тренер на Пари Сен Жермен, Севиља, Спартак Москва, Валенсија, Алмерија и Лорка Депортиво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …