Дома Фудбал Италија Прандели: Поради коронавирусот изгубив пријатели

Прандели: Поради коронавирусот изгубив пријатели

Поранешниот италијански селектор Чезаре Прандели откри дека поради коронавирусот изгубил неколку пријатели.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Засега во Италија владее вистинска пандемија поради коронавирусот кој однесе повеќе од 1200 жртви.

„Изгубив пријатели поради тој вирус и тоа е ужасно. Можеме само да седиме дома и да избегнуваме друштвени контакти. Во моето мало село се организраа натпревари во борење против друго село и изгледа дека тука се рашири. Во таа група неколкумина секогаш доаѓаа на натпреварите на Фиорентина, дури и на гостувањата. Јас сум во Фиренца, но одржувам контакт со семејството и пријателите, некои се позитивни и се во карантин“, изјави Прандели кој ја водеше Фиорентина од 2005 до 2010 година, а минатата сезона беше тренер на Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баркoла во англискиот великан за 80 милиони евра!

Според британските медиуми, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Бредли Баркола, ќе го напушти ак…