
Поранешниот италијански селектор Чезаре Прандели откри дека поради коронавирусот изгубил неколку пријатели.
Засега во Италија владее вистинска пандемија поради коронавирусот кој однесе повеќе од 1200 жртви.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Изгубив пријатели поради тој вирус и тоа е ужасно. Можеме само да седиме дома и да избегнуваме друштвени контакти. Во моето мало село се организраа натпревари во борење против друго село и изгледа дека тука се рашири. Во таа група неколкумина секогаш доаѓаа на натпреварите на Фиорентина, дури и на гостувањата. Јас сум во Фиренца, но одржувам контакт со семејството и пријателите, некои се позитивни и се во карантин“, изјави Прандели кој ја водеше Фиорентина од 2005 до 2010 година, а минатата сезона беше тренер на Џенова.