Дома Трансфер зона Прадедото не е доволен, Игуаин не може во Билбао!

Прадедото не е доволен, Игуаин не може во Билбао!

На Игуаин нема да му биде доволен прадедото за да може да заигра за Атлетик Билбао.

Аргентинецот сепак ги нема сите потребни „документи“ да заигра за Баскијците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како права бомба одекна дека Гонзало Игуаин може да заврши во Атлетик Билбао поради неговиот прадедо кој има потекло од Баскија.

Директорот на баскијскиот клуб, Рафа Алкорт објасни дека не постои можност Аргентинецот да заигра на „Сан Мамеш“.

„За играчот да заигра за нас мора да биде роден во Баскија или да растел тука и да ја поминал нашата академија. Ако некој не ги исполнува тие услови нема шанси да заигра. Не знам дали можат тие правила да се променат, но за сега се такви какви што се“, изјави Алкорта.

Ќе потсетиме договорот на Игуаин со Јувентус му истекува на 30. јуни и ќе биде слободен да ја избере новата средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…