Дома Фудбал Останато По ова Буфон ќе „полуди“: Еве што изјави Роналдо по натпреварот

По ова Буфон ќе „полуди“: Еве што изјави Роналдо по натпреварот

Кристиано Роналдо се огласи поради контроверзниот пенал кој го подели целиот фудбалски свет.

Реал Мадрид успеа да постигне гол во 97. минута и на тој начин успеа да го исфрли Јувентус од шампионската трка во најелитното евроспко фудбалско натпреварување. Голманот на Јувентус поради протестите доби црвен картон, а Роналдо успеа да погоди од белата точка за ново полуфинале на „кралскиот клуб“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


По натпреварот, Роналдо за медиумите го даде своето мислење за целата ситуација.

„Ова мора да ни биде лекција за иднина да знаеме дека во фудбалот ништо не се добива на поклон. Тие играа многу добро, Буфон беше добар, но не разбирам зошто се бунат, беше пенал“, изјави Роналдо.

Ова за Португалецот беше 120 гол во Лигата на Шампионите, со што е рекордер и единствениот што во ова натпреварување ја затресе мрежата на 11 последователни натпревари, што го направи токму оваа сезона. Исто така, ова за Роналдо е десети гол кој го даде против Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвезда на Барселона доби повик од Енрике, веднаш следеше одговор

Луис Енрике сега е во центарот на вниманието поради историската победа во финалето на Лига…