Македонскиот голман брани во одлична форма, а последниот викенд беше најзаслужен за ремито на неговиот Рајо Ваљекано против Реал Мадрид.
Димитриевски имаше неколку одлични интервенции со кои успеа да го зачува својот гол, а во избнорот на шпанската новинска агенција е прогласен за најдобар голман во топ 5 првенства.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Изборот сигурно дека е апсолутно заслужен, натпреварот Димитриевски го заврши со пет успешни интервенции, четири беа по обиди внатре во шеснаесетникот. За него ова беше шести натпревар во сезоната без примен гол.
Ha definido mal Valverde, pero es un paradon de Dimitrievski.
— 𝐒𝐚𝐦𝐮 (@SamuuRM) November 5, 2023
Espero que hoy no sea Casillas Prime. pic.twitter.com/Vktu1Z2uak
Покрај Димитриевски место во идеалниот тим од најсилните првенства во Европа добија: Хакими (ПСЖ), Упамекано (Баерн М.), Грималдо (Баер Леверкузен), Араухо (Барселона), Мирети (Јувентус), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Родригез (Лас Палмас), Доку (Манчестер Сити), Дојбик (Џирона) и Кејн (Баерн Минхен).