Гери Марсден, човекот која ја испеа епската „You’ll never walk alone“, химната на Ливерпул почина вчера на 78 годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја соопшти и Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со голема тага ја примаме веста за смртта на Гери Марсен. Зборовите на Гери секогаш ќе останат врежани во нашите сеќавања. Никогаш нема да чекори сам“, објави Ливерпул.
Марсден е роден во Ливерпул, а беше фронтмен на групата „Garry And The Pacemakers“ која во раните 1960-ти ја обработи „Никогаш нема да чекориш сам“ која во 1945 година ја напишаа Роџерс и Хамрштеин за еден мјузикл.
„You’ll never walk alone“ химна на Ливерпул стана во 1963 година, а подоцна ја прифатија и навивачите на останатите клубови како Селтик, Фејенорд, Борусија…Таа се пушта и на нивните натпревари.