Дома Македонски спорт Мак ракомет Почина поранешниот директор и претседател на РК Пелистер, Благоја Стефановски

Почина поранешниот директор и претседател на РК Пелистер, Благоја Стефановски

Поранешниот претседател на РК Еурофарм Работник (подоцна Еурофарм Пелистер), децениски директор на Пелистер во деведесеттите години од минатиот век и еден од најголемите ракометни заљубеници во Битола и Македонија, Благоја Стефановски-Баге почина денес на 67-годишна возраст.

Стефановски е роден во Битола на 7 март 1953 година. Заедно со Силјан Мицевски се наоѓаше во раководечкиот тим кој ги оствари најголемите успеси во ракометниот спорт во Битола. Има немерливи заслуги уште во југословенската лига, како директор дел е од скоро сите титули во македонското првенство, трофеите од националниот Куп, полуфиналето на Купот на националните Куп победници…Неговото враќање во ракометот се поклопува со никнувањето на Еурофарм Работник. Како еден од иницијаторите, заедно со Марковски, Зарков и Мицевски, почнува проект во кој ја изршува улогата претседател.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Видливи беа прогресивните успеси на клубот, кој денес е репрезент на македонскиот ракомет во Европа, одлично организиран и силно амбициозен. Се повлече пред неколку години од здравствени причини. Во клубот беше кога минуваа најголемите ѕвезди на македонскиот и европскиот ракомет: Манасков, Маринковиќ, Марковски, Лазаров, Алушовски, Јусуфовски….

Стефановски дипломирал на отсекот за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”. Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршува функцијата министер за култура. Минатата година тој го доби највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември” за животно дело, што општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.РК Еурофарм Пелистер испраќа длабоко сочувство во семејството и најблиските.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…