Дома Фудбал Почина поранешниот бразилски репрезентативец и светски вицешампион од 1998 година

Почина поранешниот бразилски репрезентативец и светски вицешампион од 1998 година

Поранешниот бразилски репрезентативец Зе Карлос почина на 55-годишна возраст. Бразилските медиуми јавуваат дека тој починал во сон.

Зе Карлос ја помина целата своја кариера играјќи за бразилски клубови, а беше репрезентативец и на Светското првенство во 1998 година, каде Бразил заврши на второто место.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


На тој шампионат Зе Карлос го одигра единствениот натпревар за Бразил. Како десно крило стартуваше во полуфиналето против Холандија бидејќи Кафу беше суспендиран.

„Зе Карлос беше многу важен во кампањата на бразилскиот тим во 1998 година, кога стигнавме до финалето на Светското првенство. Тој беше одлучен играч, со физичка сила, кој имаше истакната кариера во неколку клубови.

Во овој момент на болка изразувам сочувство до целото семејство и пријателите на Зе Карлос“, изјави претседателот на Бразилската фудбалска асоцијација, Едналдо Родригес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го бара овој човек: Секоја информација е добредојдена

“ГО БАРАМ! Секоја информација е добредојдена”, напиша Роналдо во описот на вид…