Дома Фудбал Останато Почина легендарен тренер на Ливерпул

Почина легендарен тренер на Ливерпул

Поранешниот тренер на Ливерпул и ПСЖ, Жерар Улие почина на 73 годишна возраст.

Улие во 2001 година додека беше тренер на Ливерпул имаше операција на срцето, а „Л’Eкип“ дознава дека пред три месеци имал нова операција.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Иако имал проблеми со срцето во наредните денови ќе биде позната причината за неговата смрт. Тој ќе остане запаметен како еден од најпаметните тренери во историјата.

Французинот Ливерпул го водеше од 1998 до 2004 година, а во 2001 година на „Енфилд“ ги донесе титулите во ФА Купот, Лига Купот и Купот на УЕФА.

На почетокот на 90-тите години беше и тренер на репрезентацијата на Франција. Последниот ангажман како тренер го имаше во Астон Вил пред десетина години. Го водеше и Лион со кој два пати ја освојуваше Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…