Дома Фудбал Останато Почина еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња

Почина еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња

Почина последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година, Курт Хамрин. Поранешниот напаѓач на Шведска имаше 89 години.

Хамрин беше последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година со Бразил (2:5). Од шведската репрезентација од тој состав жив е само Уве Олсон, кој не играше во финалето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во текот на својата кариера Хамрин играше за АИК, Јувентус, Падова, Фиорентина, Милан, Наполи и Стокхолм.

Дресот на Фиорентина го носеше на повеќе од 300 натпревари и во период од девет години постигна 208 голови. Неговиот рекорд не го надмина ниту славниот Аргентинец Габриел Батистута кој остана на второто место на вечната листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тер Штеген немаше среќа – го чека операција и долго опоравување

Марк-Андре тер Штеген ќе биде опериран во петок, соопштија од неговиот сегашен клуб Жирона…