Да се избори пласман во Премиер лигата е навистина тешко, но да се остане во неа во првата сезона е уште потешко.
Го знаат тоа бројни клубови кои во минатото влегуваа во англиската елита, а еден од најдобрите примери беше Дерби Каунти. Дерби влезе во Премиер лигата во 2007 година за следната сезона да победат само на еден натпревар со што експресно се вратија во втората лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таква судбина оваа сезона по секоја цена сака да избегне Фулам. Клубот на милијардерот Шахид Кан минатата сезона заврши како третопласиран во Чемпионошип и преку плеј-офот и победата над Астон Вила во финалето обезбеди место во најсилната конкуренција во Англија.
Кан и менаџерот Славиша Јокановиќ знаеа дека борбата за опстанок може да биде тешка и за да избегнат преголема драма минатото лето потрошија дури 112 милиони евра на засилувања.
ТРАНСФЕРИТЕ НА ФУЛАМ МИНАТАТА СЕЗОНА
Жан Мишел Сери – Од Ница за 30 милиони евра
Андре Замбо Агуис – Од Марсеј за 25 милиони евра
Александар Митровиќ – Од Њукасл за 20.5 милиони евра (беше на позајмица го откупија договорот)
Елфи Мавсон – Од Свонси за 17 милиони евра
Џо Брајан – Од Бристол за седум милиони евра
Фабри – Од Бешикташ за шест милиони евра
Максим Ле Марчанд – Од Ница за седум милиони евра
Хавард Нортвеид – Од Хофенхајм за милион евра
Андре Шурле – Од Борусија Дортмунд за 400.000 евра (позајмица).
Но и покрај овие потрошени милиони Фулам се наоѓа пред испаѓање оваа сезона. Вечерва на шест кола пред крајот на првенството гостуваат кај Вотфорд и ако го изгубат овој натпревар ќе испаднат од лигата месец ипол порано и ќе му се придружат на Хадерсфилд кој веќе е сигурен патник во Чемпионшип.
Тимот на Скот Паркер кој е веќе трет тренер победи на само четири натпревари уште од 29 јануари за после тоа да наниже осум порази и да дојде на работ на испаѓање.