Дома Трансфер зона Потпис во текот на денот: Жоа Кансело на прегледи во Торино! (фото)

Потпис во текот на денот: Жоа Кансело на прегледи во Торино! (фото)

Денес е денот кога Жоа Кансело ќе го заврши својот трансфер во редовите на Јувентус.

Португалскиот дефанзивец кој минатата сезона ја помина како позајмен играч во Интер изминатата ноќ пристигнал во Торино, каде што утрово ги минува медицинските прегледи.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Интер поради финансискиот фер-плеј не беше во можност да го откупи договорот на Кансело од Валенсија, а тоа го искористи Јувентус кој го доведе во своите редови.

Целата зделка ќе биде официјализирана во текот на денешниот ден.

Кансело после прегледите се очекува да потпише договор на пет години со плата од 3 милиони евра по сезона, додека Јувентус на Валенсија ќе и плати сума од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …