Дома Трансфер зона Потпис во Париз: Верати до крајот на кариерата во ПСЖ?

Потпис во Париз: Верати до крајот на кариерата во ПСЖ?

Марко Верати би можел да потпише нов договор со Пари Сен Жермен.

Оваа вест ја потврди Фабрицио Романо, кој истакнува дека се уште ништо не е официјално, но дека Верати и ПСЖ се во преговори и дека се оди во добра насока. Верати пристигна во ПСЖ во 2012 година за само 12 милиони евра и прерасна во вистинска клупска легенда.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Последен пат го продолжи договорот есента 2019 година кога потпиша до 2024 година, но ПСЖ сакаат што поскоро да го обезбеди неговиот нов потпис.

Италијанецот никогаш немал намера да го напушти ПСЖ, иако во два наврати беше блиску до Барселона, но клубовите не се договорија поради огромното обештетување.

Верати има 30 години и постојат големи шанси целата своја кариера да ја помине во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…