Реномираното радио „Кадена СЕР“ носи одлични вести за навивачите на Јувентус – по обезбеудвањето на потписот на Емре Чан „старата дама“ според овој извор е блиску до уште едно засилување од Премиер лигата.
„Кадена СЕР“ наведува дека Јувентус е блиску до постигнување договор со Арсенал за трансфер на Ектор Белерин.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанецот на радарот на „старата дама“ е уште од минатото лето кога Дани Алвеш го напушти клубот. Сепак конкретна понуда од Јувентус тогаш не пристигна, а фудбалерот подоцна наголемо се поврзуваше со Барселона. На крајот остана во Арсенал.
Понудата која Барселона минатото лето ја испрати за Белерин изнесуваше 50 милиони евра, исто толку сега наводно е спремен да понуди Јувентус, но овој пат се потенцира дека „топчиите“ се спремни да разговараат за негова продажба.